Контроверзната албанска пејачка потврди дека е верена: „Би сакала да имам деца, но не знам како тоа се вклопува во мојата работа“

Точка

12/06/2025

21:34

1.873

Големина на фонт

а а а

Контроверзната албанска пејачка Дуа Липа, која во август ќе наполни 30 години, првпат јавно го сподели своето возбудување откако пет години постариот актер Калум Тарнер ѝ предложил брак.

„Да, верени сме. Многу е возбудливо“, изјави таа за британскиот „Vogue“, па додаде: „Одлуката да остареме заедно, да го замислиме заедничкиот живот и едноставно, не знам, да бидеме најдобри пријатели засекогаш – тоа е навистина посебно чувство.“

Кон крајот на минатата година се појавија вести за нивната романтична свршувачка, а Дуа често беше видена со блескав дијамантски прстен на раката. Зборувајќи за плановите за свадба, Дуа рече дека се надева дека најпрво ќе ја заврши својата турнеја, а Калум снимањето на филмот, пред да се венчаат.


Иако свадбата моментално не ѝ е приоритет поради густата агенда и настапите, Дуа Липа признава дека почнала да размислува за венчаницата.

„Сакам да ја завршам турнејата, Калум снима, така што само уживаме во овој период. Никогаш не сум била личност што премногу размислува за свадба или сонува каква невеста ќе бидам. А потоа, одеднаш, си велам: 'Што би облекла?'“ – изјави таа.


Дуа откри и дека е „опседната“ со својот веренички прстен, додавајќи: „Прекрасно е чувството кога знаеш дека личноста со која ќе го поминеш остатокот од животот навистина добро ја познава твојата душа.“

Дуа и Калум за првпат беа поврзани во јануари 2024 година, а наводно се вериле за Божиќ истата година.


Пејачката на хитот „Dance the Night Away“ исто така сподели дека сака еден ден да има своја фамилија, но призна дека не знае кога би бил „вистинскиот момент“ поради обврските што ги носи нејзината музичка кариера.

„Би сакала еден ден да имам деца. Но тоа постојано е прашање – кога воопшто би бил добар момент? Како би се вклопило со мојата работа, како би функционирало ако одам на турнеја и колку време би требало да земам пауза. Мислам дека тоа е една од оние работи што ќе се случи кога ќе дојде време. Сакам деца, но мислам дека има многу повеќе во одгледувањето дете отколку само да ги сакаш децата,“ искрено вели Дуа.


Дуа и Калум имале „многу моменти како од филмот Sliding Doors“, кога биле на исто место во исто време, а да не биле свесни за тоа, пред да се запознаат во ресторанот „River Cafe“ во Лондон. Година дена подоцна, таа вечерала во Лос Анџелес со пријателот Мустафа д Поет кога „одненадеж“ се појавил Калум.

Помислила: „О, тоа е оној баш згоден тип од ‘River Café’.“


За време на разговорот откриле дека тогаш и двајцата „случајно го читале“ романот „Trust“ од Ернан Дијаз.

На прашањето дали чувствува дека се судени еден за друг, одговорила: „Илјада посто.“


Дуа и Калум првпат предизвикаа романтични гласини во јануари 2024 година, кога двајцата присуствуваа на забава по повод серијата „Masters Of The Air“ во Лондон. Пред да ја направи врската јавна, пејачката за време на промоцијата на својот албум „Radical Optimism“ откри дека морала повторно да го  пронајде своето „самодоверба“ по претходни неуспешни врски.