[ФОТО] Го преживеаја скандалот: Се враќаат по две години!

Точка

13/05/2025

20:11

956

Големина на фонт

а а а

По речиси две години отсуство, "Daihatsu" конечно се враќа во центарот на вниманието со првиот поглед на целосно новиот модел "Move". Компанијата објави тизер за седмата генерација на популарниот "kei" автомобил во Јапонија, потврдувајќи дека целосната премиера е закажана за јуни 2025 година.

Производството на претходната генерација на "Move" беше стопирано во летото 2023 година. Отприлика во исто време, "Daihatsu" призна фалсификување на резултатите од безбедносните тестирања — скандал кој не само што го одложи претставувањето на новиот модел, туку предизвика и пошироки истраги во јапонската автомобилска индустрија.

Во месеците што следеа, и други производители беа фатени во слично несоодветно однесување, што доведе до големи проблеми во производството и продажбата.


Сега, кога ситуацијата конечно се стабилизира, "Daihatsu" објави специјална веб-страница како подготовка за одложеното претставување на седмата генерација на "Move". Тизерите откриваат поагресивен преден дел во споредба со претходниот модел, со потенки "LED" светла интегрирани во поширока маска, како и спортски отвори за воздух на браникот.

Профилот е целосно редизајниран, со новост — задни лизгачки врати за подобра практичност. Друга значајна промена е заоблената стаклена површина, со црни носачи и странични прозорци кои се продолжуваат до задното стакло. Задниот дел има нови светлосни групи, при што се задржува типичната силуета на "kei" автомобилите.


Се очекува новиот "Move" да биде изграден на "DNGA" архитектурата, која ја дели со други модели на "Toyota" и "Daihatsu". Компанијата потврди дека ќе се нуди избор меѓу атмосферски и турбомотори, најверојатно надградени со блага електрификација за подобра ефикасност. Како и кај повеќето "kei" автомобили, ќе бидат достапни верзии со погон на две или четири тркала.

"Daihatsu" исто така откри почетни информации за цените. Основната верзија "Move L" ќе чини нешто над 1.300.000 јени (околу 8.600 евра), додека најскапата "RS 4WD" со турбомотор ќе се продава за близу 2.000.000 јени (околу 13.200 долари).


Овие цени го прават новиот "Move" мошне конкурентен во рамките на достапниот "kei" сегмент.

Од лансирањето на оригиналниот "Daihatsu Move" во 1995 година, се имаат продадено над 3,4 милиони примероци низ шест генерации. Последниот модел беше претставен во декември 2014 година и се произведуваше до јуни 2023.