Алварез: Го имав замислено пеналот против Куртоа неколку денови пред дербито

Дерби

27/02/2025

14:22

629

Големина на фонт

а а а

Хулијан Алварез почна да ги исплаќа сите пари кои Атлетико Мадрид ги вложи за него, од едноставна причина што Аргентинецот игра во страшна форма од првиот ден кога го облече дресот на „колчонеросите“.

Напаѓачот постигна гол и забележа асистенција на Куп пресметката против Барселона која се одигра пред два дена, но беше доволно храбар да изведе и пенал на „Сантијаго Бернабеу“ во ремито со лутиот градски ривал.

Алварез покажа непоколебливост и умешно го измами Тибо Куртоа со „паненка“ удар, нешто кое го имал смислено неколку дена пред натпреварот.

– Размислував како би извел пенал против Куртоа неколку дена пред натпреварот. На последните тренинзи вежбав удари од 11 метри и на последниот пробав да ја поткопнам топката. Бев нервозен на „Бернабеу“, но бев убеден дека ќе бидам успешен во намерата и дека ќе постигнам гол. На крајот испадна онака како што замислив, – открива Алварез.

Популарниот „пајак“ на дербито против Барселона стигна до 20-от гол како играч на Атлетико, а притоа досега испорача и 5 асистенции.