Винисиус Жуниор дочека нешто што малку кој веруваше дека ќе му успее во Реал Мадрид, односно вчера за првпат ја носеше капитенската лента во отсуство на четирите капитени.
Повредените на Карвахал и Валверде, како и одлуката на Карло Анчелоти да стартува без Модриќ и Васкез направија Вини да биде капитен на Реал на натпреварот против Реал Сосиедад, чест која дефинитивно не остана неодбележана и од самиот Бразилец.
Напаѓачот на Реал објави слика со капитенската лента на социјалните мрежи и порача дека доживува незаборавни моменти со неговиот омилен клуб, а од сите коментари, највпечатлив е оној на Тони Крос.
Германецот реши да го истрола својот поранешен соиграч кој редовно добива жолти картони кога комуницира со судиите, па ја искористи последната објава за да се пошегува со него.
– Сега конечно ќе можеш да зборуваш со судиите, – му порача Крос.