Пропаднатото засилување на Барса разочара и во Бетис, двата клуба му договорија трансфер во Бразил!

Дерби

27/02/2025

14:17

632

Големина на фонт

а а а

Витор Роке пред само една година беше претставен како големо засилување за Барселона и како играч кој може да биде „спасител“ за Чави Ернандес, но 12 месеци подоцна, ситуацијата со надежниот Бразилец дојде до толку критична точка, што сега ќе биде вратен во родната земја.

Барселона експресно се ослободи од Роке кој не беше во плановите на новиот тренер Ханси Флик и му беше дозволено да направи позајмица, но откако не успеа да се наметне и во Бетис, разочарувачкото засилување на каталонците сега ќе се сели во друг клуб во Бразил.

Европската авантура на „Тигрињо“ не одеше онака како што треба и јасно е дека ја загуби довербата и од Пелегрини во редовите на Бетис, па со цел да избегне непотребни понижувања, двата клуба сега се договорија да ја прекинат позајмицата и Роке да биде испратен во Палмеираш.

Бразилскиот клуб ќе реши огромен проблем за Барселона, бидејќи ангажманот ќе биде на перменантна основа и ќе бидат исплатени 25 милиони евра во касата на каталонскиот великан.

Шпанските медиуми уверуваат дека двојната операција е пред сам финиш, па така Роке ќе ја искористи завршницата од преодниот рок во Бразил за да се врати во својата татковина.