Оваа "G-Класа" чини колку нова "Dacia" – еве во што е "финтата"

Точка

27/02/2025

08:27

5.126

Големина на фонт

а а а

Оваа "G-Класа" има кинески потпис, препознатлив изглед, но и одредени компромисни решенија.

"G-Класата" – симбол на статус и врвна теренска способност

Уште од своето лансирање, G-Класата беше препознаена како врвен теренец, но и статусен симбол. Моќниот "Mercedes" отсекогаш нудел многу повеќе од обично работно возило, што посебно се истакнува со специјалните изведби како "AMG", "Maybach" и "Brabus".

Со новите генерации пристигнаа нови верзии, а со нив и цената отиде во небо. Основниот модел сега започнува од над 150.000 евра, а веќе има и електрична опција.

Додека публиката чека подостапна "G-Класа", ви претставуваме оваа алтернатива.


Електрична "G-Класа" за цена на "Dacia Duster"?

Официјално наречено "Bodo G-Wagon/E-Wagon", ова возило е достапно преку "Mecum Auctions" и ќе се најде на аукција кон крајот на март.

Цената? Само 21.900 долари, што е во рангирање на најевтините SUV модели на пазарот, како "Dacia Duster".

Но, тука има една финта – оваа "G-Класа" всушност е возило за голф терени.

Ова значи дека има електричен погон со мотор од 20 коњски сили во комбинација со батерија од 10 kWh. Максималната брзина е 56 км/ч, а досегот е 130 км.


Модерен ентериер и пристојни перформанси

Иако се работи за специјализирано возило, овој "G-Wagon" нуди многу повеќе од некои квадрицикли.

Овој модел има грејачи и климатизација, дигитален кокпит, инфозабавен систем, камера за возење наназад и многу повеќе.

Со сето ова, "Bodo G-Wagon" можеби не е вистинска "G-Класа", но сигурно изгледа како една – и тоа за само дел од цената.

Целосниот опис на возилото и фотогалеријата можете да ги видите ТУКА!