Австралискаата зоолошка градина ги повика граѓаните да фатат и донираат од најсмртоносните пајаци во светот – видот „funnel-web“, со цел да се поддржи производството на противотров што спасува животи.
Според соопштението на паркот, оваа година сезоната на пајаци била слаба, но во наредните месеци се очекува зголемување на нивниот број, пренесува „Independent“.
Поради слабата сезона, паркот има посебна потреба од мажјаци од овој вид, бидејќи нивниот отров е клучен за производството на противотров.
Чуварката на пајаците, Ема Тени, истакна дека помошта од граѓаните сега е поважна од било кога, бидејќи бројот на донирани пајаци за програмата за производство на противотров е намален во споредба со претходните години.
„Високата влажност и врнежите што се очекуваат оваа есен ќе создадат совршени услови за движење на „funnel-web“ пајаците, па затоа ги повикуваме сите да помогнат во нивното собирање“, изјави Тени.
Мажјакот на сиднејскиот „funnel-web“ пајак е најсмртоносниот пајак во светот, но благодарение на програмата за противотрови што започна во 1981 година, нема забележани смртни случаи.
Програмата моментално собира отров од повеќе од 2.000 пајаци, но само мажјаците се користат за екстракција на отровот.
Откако ќе се собере отровот, пајаците се испраќаат во Мелбурн, каде што се користат за производство на противотров.