Олимпиец силувал две малолетнички! Осуден на 21 година затвор

Точка

26/02/2025

19:39

930

Големина на фонт

а а а

Ентони Џејмс (35), поранешен олимписки пливач и студент на полициска академија, е осуден на 21 година затвор за серија сексуални злосторства над две малолетнички. Спортистот од Плимут е прогласен за виновен за осум сексуални престапи, вклучително и три силувања.

Судот во Плимут го осуди Џејмс на вкупно 21 година затвор, од кои две третини ќе ги одлежи зад решетки, а остатокот на условна слобода. Злосторствата се случиле во период од 10 години, помеѓу 2012 и 2021 година. Тој се бранел велејќи дека се согласиле на сексуалниот чин и открил дека врзал една од своите жртви за време на сексот.


Жртвата зборувала пред судот

„Никогаш нема да ти простам за она што го направи. Ми ги украде тинејџерските години“, рече една од жртвите на судењето. „Се чувствувам многу засрамено кога ќе се погледнам во огледало. Како да сте украле дел од светлината што секогаш велевте дека ја имам“, додаде таа.


Од олимпиец до осуденик

Џејмс учествуваше на Олимписките игри во Лондон во 2012 година, а неговиот адвокат Џо Стоун го опиша неговиот случај како „шекспировски пад од височина“. Обвинителот Ли Бембриџ истакна дека Џејмс „намерно ги таргетирал“ своите жртви. Џејмс се пофалил дека имал тројки и им признал на поротниците дека ги давел девојките, тврдејќи дека тие го терале да го направи тоа.


„Тој многу добро знаеше колку години имаат жртвите“

Тој освои сребро на Игрите на Комонвелтот и се натпреваруваше на Олимпијадата во 2012 година на 100 метри пеперутка. Четири години по ред беше британски шампион во таа дисциплина. „Тој ги манипулираше и ги контролираше своите малолетни жртви за да ги исполни сопствените сексуални желби“, рече Џема Кнебон од обвинителството.

„Тој тврдеше дека неговите жртви тогаш имаа повеќе од шеснаесет години, но се докажа спротивното. Тој добро знаеше колку години имаа неговите жртви и го искористи тоа на навистина вознемирувачки начин. Продолжи да ги злоупотребува откако наполнија шеснаесет години. Немаше да биде возможно да го обвинат ако храбрите девојки не учествуваа во судењето и би сакала да ја искористам оваа прилика да им се заблагодарам.