Кајла Симонс (29) американските медиуми своевремено ја прогласија за „најсекси одбојкарка на светот“. Настапувала за универзитетски тим, се надевала на професионална кариера, но на крајот се откажа.
Вели дека универзитетот ѝ наложил да ги избрише своите провокативни фотографии од Инстаграм. Денес заработува како манекенка и инфлуенсерка, а најмногу ја лутат прашањата за тоа дали ѝ се природни градите.
Од одбојкарска надеж до манекенка
Кајла Симонс играла за тимот на универзитетот Маршал, а спортските новинари пишувале дека е перспективна одбојкарка.
Нејзината одбојкарска кариера траела четири години, а бидејќи и нејзиниот татко бил одбојкар, вели дека овој спорт ѝ бил „во крвта“.
Но, наместо професионална кариера, Кајла се соочила со неочекувани предизвици.
Притисок од универзитетот
„Ми беше одлично да се занимавам со спорт на факултет, но научив и важни лекции. Администрацијата ми наложи да ги избришам фотографиите од Инстаграм. Ми рекоа дека се непримерни, па дури бараа и целосно да го избришам Инстаграм профилот!“, изјави Кајла пред три години.
Доста ѝ е од прашања за градите
Во едно поткаст интервју, кога ја прашале дали имала операција за зголемување на градите, Симонс била јасна:
„Немам силикони, сè е природно! Доста ми е од тие прашања!“
Во младоста, вели, не била среќна со своето тело:
„Не сакав да имам големи гради. Би ми било многу полесно да се занимавам со одбојка ако беа помали. Сè е потешко со големи гради – не можете да скокате толку високо, не можете да трчате толку брзо, а и боли кога ќе паднете“, раскажува Кајла.
Денес, се претставува како манекенка и инфлуенсерка. Одбојката ја игра само за забава.