Дончиќ погоди тројка, па испрати убиствен поглед кон човекот кој го трејдуваше од Далас

Дерби

26/02/2025

12:44

1.773

Големина на фонт

а а а

Лука Дончиќ со посебна страст и мотивација ја чекаше пресметката со Далас, особено после начинот на кој беше истретиран и избркан од својот доскорашен клуб.

Словенечката суперѕвезда беше трејдуван во Лос Анџелес Лејкерс и не му беше оставен никаков избор од страна на поранешните работодавци, па како што можеше да се претпостави, Лука беше посебно „запален“ и инспириран на натпреварот кој се одигра рано утрово во Калифорнија.

Дончиќ испорача трипл-дабл во победата на Лејкерси од 107:99, но „војната“ со човекот кој го избрка од Далас ја почна уште за време на загревањето, а траеше и за време на мечот.

Лука најпрво правеше склекови пред очите на Нико Херисон додека во позадина одеше хит на Цеца за време на загревањето, но потоа беше во елемент и во раната фаза на мечот.

По една погодена тројка, Дончиќ се сврте кон клупата на Далас и испрати убиствен поглед до Херисон, што доволно говори дека Лука овој натпревар го сфати лично и направи се што е во негова моќ за да донесе победа за новиот тим.