Руските власти ги блокираа услугите на апликацијата Вибер бидејќи операторот наводно го крши законот, соопшти рускиот телекомуникациски регулатор Роскомнадзор. Според рускиот регулатор, апликацијата, во сопственост на јапонската мултинационална компанија Ракутен, се користела за терористички и екстремистички цели, за продажба на дрога и ширење дезинформации, пренесува Хина.
Обвинителите го истражуваа Вибер за ширење „информации за дестабилизирање на политичкиот и општествениот поредок во Русија“.
Вибер засега не ја коментираше блокадата.
Руските власти дополнително ја зајакнаа цензурата во земјата од почетокот на војната против Украина.
Вибер беше казнет минатата година за наводно дискредитирање на руските вооружени сили со тоа што не ги избришал информациите за војната како што наредил Владимир Путин.