Во Нови Сад, Белград и други градови и денеска се организира акцијата „Застани Србијо“, со 15-минутно молчење во 11:52 часот во моментот на падот на настрешницата на железничката станица во Нови Сад.
Граѓаните излегоа на улиците и го блокираа сообраќајот на улицата Футошка во Нови Сад, кога возач удри во нив со автомобил.
Тогаш четворица мажи излегле од автомобилот и почнале да ги тепаат луѓето со тупаници.
„Еден автомобил сакаше да ја пробие блокадата и почна да гази еден наш активист. Јас им викав да застанат, тие застанаа, излегоа и почнаа да не тепаат. Го претепаа човекот што го соборија со автомобилот, а и мене ме удрија неколку пати“, изјави Роберт Силберхолц кој беше сведок на инцидентот на раскрсницата на Булевар Ослободување и улицата Футошка.
DELITE DA NAĐEMO OLOŠA!
— Miran Pogačar (@MiranPogacar) December 13, 2024
‼️NS760AV‼️
📍Futoška, NS pic.twitter.com/glB0YFUL4M
Силберхолц го пријавил случајот во Полициската управа во Нови Сад и додал дека има многу снимки од инцидентот и дека активистите успеале да ги снимат регистарските таблички на автомобилот, јавува Радио Слободна Европа, кое наведува дека двајцата напаѓачи се приведени. Од новосадската полиција соопштиле дека во моментов се работи на утврдување на сите околности и факти поврзани со нападот.
Коментаторите на социјалните мрежи кои го споделуваа видеото забележаа дека автомобилот има регистарски број што завршува на буквите AV, што тие го сметаат за симболично.
Jezivo
— Snob NS (@Dusan_Borisev) December 13, 2024
Novi Sad - Futoška pijaca pic.twitter.com/IyNKS9liS8
Во Белград во акцијата се вклучија и возачи. Тие излегоа од автомобилите и застанаа во тишина, оддавајќи им почит на жртвите. Така беше и со зградата на Радио телевизија на Србија (РТС). Да потсетиме, синоќа веднаш до зградата на РТС се одржа масовен студентски протест.
Студентите бараат да се објават сите документи поврзани со реконструкцијата на железничката станица во Нови Сад, вклучително и настрешницата што се урна на 1 ноември, при што загинаа 15 лица, главно млади луѓе, а двајца беа тешко повредени. Тие бараат и казнување на лицата кои ги нападнаа демонстрантите и ослободување на активистите уапсени на претходниот протест.