Унгарскиот премиер Виктор Орбан изјави дека светот ќе доживее драстични промени штом новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп ја преземе власта во јануари.
Тој во интервју за Радио Косут рече дека разговарал со „Американци, Руси, Европејци и Турци“ и дека е сигурен дека доаѓањето на Трамп на чело на САД ќе донесе промени во глобалните настани, пренесе МТИ.
Орбан истакна дека иако „времињата се уште се опасни“ и дека „владите во Германија и Франција пропаднаа“, доаѓа мир.