[ВИДЕО] Кина конечно го заврши познатиот проект! Погледнете ја разликата, како изгледаше пред 30 години, а како е сега

Точка

29/11/2024

15:50

1.369

Големина на фонт

а а а

Зелениот појас Такламакан долг 3.000 километри беше завршен во петокот во регионот Ксинџијанг.

По 46 години, Кина го заврши проектот за пошумување на својата најголема пустина, дел од напорите да се запре опустинувањето и да се спречат пустинските бури, објавија во петокот државните медиуми.

Зелениот појас Такламакан долг 3.000 километри беше завршен во петокот во регионот Ксинџијанг, откако работниците засадија дрвја на последните стотина метри од северниот раб на пустината, објави "People’s Daily".

Проектот познат како Големиот зелен ѕид започна во 1978 година и досега позелени повеќе од 30 милиони хектари. Засадувањето дрвја на сушниот северозапад значеше дека до крајот на минатата година, 25 отсто од територијата на Кина беше покриена со шуми, во споредба со 10 отсто во 1949 година, пишува весникот.

И покрај тоа, 26,8 отсто од територијата се смета за пустина, нешто помалку од 27,2 отсто пред десет години, покажуваат податоците на Управата за шумарство.



Спонзорирани линкови

Маркетинг