Магла на неколку патни правци, снег на Попова Шапка и Маврово

Макфакс

29/11/2024

12:51

176

Големина на фонт

а а а

Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено по влажни коловози.

Врнежи од снег со променлив интензитет се бележат на Попова Шапка и во Маврово, но во моментот не преставуваат пречка за одвивање на сообраќајот.

Појава на магла од 30 до 40 метри има на патниот правец Тетово – Попова Шапка, од 50 до 60 метри на планинскиот превој Плетвар, од 50 до 100 метри на планинскиот превој Ѓавато и до 100 метри на планинскиот превој Пресека.

Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е умерен. На граничните премини од македонска страна нема подолги задржувања за влез и излез од државата.

Од 15.11.2024 година почна законската обврска за задолжително поседување зимска опрема во возилата, без оглед на моменталната временска состојба. Оваа обврска ќе трае до 15.3.2025 година.

АМСМ препорачува приспособена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде што има можност од појава на одрони. Ова особено се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.



Спонзорирани линкови

Маркетинг