Дали кафето е првото нешто што го пиете наутро? Еве како тоа влијае на вашето тело

Точка

23/11/2024

15:15

475

Големина на фонт

а а а

За многумина, кафето е првиот избор веднаш по будењето, но дали сте знаеле дека оваа навика може дополнително да го оптовари телото кое веќе е дехидрирано по ноќта?


Нашата утринска рутина игра значајна улога во нашето здравје, особено во функционирањето на срцето и крвните садови. Експертите предупредуваат дека утринската дехидрираност, заедно со кафето како диуретик, може да го зголеми ризикот за здравствени проблеми. Познато е дека повеќето срцеви удари се случуваат наутро, а еден од факторите може да биде недоволната хидратација.


Што да направите наутро?

Наместо да пиете кафе на празен стомак, започнете го денот со чаша вода за да го хидрирате телото. Потоа, посегнете по здрав појадок богат со протеини и растителни влакна. Дури откако ќе ги направите овие чекори, може да уживате во кафето без грижи за вашето здравје.




Спонзорирани линкови

Маркетинг