Познат шпански играч стана сопственик на клуб во МЛС лигата и испиша историја во Америка

Дерби

21/11/2024

11:49

587

Големина на фонт

а а а

Хуан Мата се уште игра фудбал и е играчки активен на 36-години, ни шпанскиот ветеран очигледно полека се подготвува и за животот по фудбалската кариера.

Поранешниот шпански репрезентативец во моментов игра фудбал во Австралија во редовите на Вестер Сиднеј Вондерерс, но од сега истовремено ќе биде и косопственик на клуб во МЛС лигата.

По легендарниот Дејвид Бекам, Хуан Мата станува само вториот интернационален фудбалер кој ќе има акции во еден МЛС клуб, а тоа го прави со вложување на финансиски средства во Сан Диего.

Мата станува еден од партнерите на групацијата која купува најголем дел од акциите на клубот, па така покрај активен играч, отсега ќе биде е еден од газдите на Сан Диего.

– Се приклучувам на сопственичката структура на Сан Диего! Нависитна сум среќен што можам да објавам дека станувам партнер на најновата и најспецијална франшиза во МЛС лигата.

– Голема благодарност до сопственичката група, но и до МЛС лигата која ми овозможи да станам првиот активен играч кој е дел од сопствеништво во еден клуб, а воедно втор фудбалер после Дејвид Бекам. За мене ова е голема чест, – порача Мата.



Спонзорирани линкови

Маркетинг