[ВИДЕО] Сергеј Четковиќ искрено за посетувањето психотерапевт: „Земам таблета за смирување“

Точка

20/11/2024

15:54

1.849

Големина на фонт

а а а

Неодамна во интервју за медиумите, пејачот Сергеј Четковиќ истакна дека во негово време било предизвик да се гради кариера, но дека тоа било „почисто“ и поправедно време.

Говорејќи за актуелниот музички правец, тој истакна дека секое време си носи свој товар и дека квалитетната музика секогаш ќе го наоѓа својот пат до публиката, без разлика на актуелните трендови.


Познат по својот смирен карактер, Четковиќ откри дека понекогаш се нервира и дека не е имун на човечките емоции. Тој призна дека понекогаш посегнува по средство за смирување, но ја истакна важноста од изразување на човечките емоции и толеранција. Исто така, тој откри дека никогаш не се обратил кај психотерапевт, туку се потпирал на поддршката од пријателите, семејството и свештенството.

„Понекогаш земам средство за смирување. Ние не сме роботи, не сме машини, ние сме луѓе. Некој има малку повисок праг на толеранција, некој не, но се трудам секогаш да бидам смирен и присебен, има многу работи кои можат да ме исфрлат од колосек, како човечка грубост, невнимание, непромисленост, некултура, но да не одиме многу далеку сега“ рече Четковиќ.

Со оглед на тоа дека се пошегува дека консумира лекови за смирување, откри дали некогаш во кариерата имал потреба да посети психотерапевт:


„Фала Богу што имав среќа пред сè да имам пријатели кои ми се на прво место, тоа се луѓе со кои треба да споделуваме добро и лошо, како и со родителите, на крајот на краиштата, луѓе кои се секогаш тука за нас“, изјави пејачот, пренесува Република.рс.




Спонзорирани линкови

Маркетинг