Повеќе од 50.000 канадски поштари штрајкуваат поради ниските плати и лошите услови за работа

Макфакс

20/11/2024

13:21

495

Големина на фонт

а а а

Повеќе од педесет илјади поштенски работници одговорија на штрајкот низ Канада во знак на протест поради недоволната плата и лошите услови за работа. Самиот штрајк влезе во шестиот ден, што предизвика голем проблем со испораката на пошта и пакети низ земјата, јавува Би-Би-Си.

Синдикатот што ги претставува вработените во „Канада Пост“, главниот поштенски оператор во земјава, соопшти дека преговорите се’ уште се многу далеку од крајот и дека се во тек. Поштенските работници бараат повисоки плати и можност да работат викенди со плата за прекувремена работа – наместо „Канада Пост“ да се потпира на надворешни работници.

Синдикатот сака зголемување на платите за 24 отсто во следните четири години, што е значително повисоко од зголемувањето од 11,5 проценти предложено од „Канада пост“. Дополнително, темите на преговорите се однесуваат на бенефиции, боледување, услови за работа и безбедност.

„Нашите барања се разумни: правични плати, безбедни услови за работа, право на достоинствена пензија и проширување на услугите во јавната пошта“, велат од Синдикатот.

Еден вработен во поштата објасни зошто штрајкуваат и што точно сакаат:

„Здраво на сите, денеска штрајкуваме во пошта и не се откажуваме. Ги сакаме сите пари. Затоа, ако не ни ги дадете нашите пари, нема да ви доставуваме пакети. Ние штрајкуваме и одбиваме да ви доставиме пакети, не ни е гајле“, рече тој.

Генералниот штрајк, кој започна во петокот, ги запре испораките на пошта и пакети низ целата земја, вклучително и испорака на банкарски картички и изводи, нови пасоши и нарачки за купување преку Интернет – сето тоа додека луѓето низ Канада се подготвуваат и купуваат подароци за претстојната празнична сезона. Поради сериозноста на ситуацијата, канадската влада назначи специјален посредник кој треба да им помогне на двете страни да постигнат договор.

Последен пат канадските поштенски работници штрајкуваа во октомври 2018 година. Тогаш, ротирачките штрајкови траеја повеќе од еден месец пред владата да донесе закон со кој се бара од вработените да се вратат на работа. Целиот штрајк ја чинеше „Канада пост“ околу 135 милиони канадски долари (91,7 милиони евра), а до каде ќе пораснат загубите со последниот штрајк останува да се види.



Спонзорирани линкови

Маркетинг