Гол за најавните шпици: Меси и Лаутаро се погрижија за фудбалска магија во Буенос Аирес

Дерби

20/11/2024

11:58

1.001

Големина на фонт

а а а

Светскиот шампион Аргентина ја зголеми предноста како првопласирана селекција во квалификациите за Светското првенство во Јужна Америка, откако рано утрово успеа да го скрши отпорот на Перу.

„Гаучосите“ се сретнаа со репрезентација која немаше офанзивни афинитети и која не испрати ниту еден шут кон голот на Дибу Мартинез, а така поставени тимови, секогаш е посебно тешко да се скрши отпорот.

Сепак, една бравура на Лионел Меси и Лаутаро Мартинез заврши зад грбот на перуанскиот голман, момент кој сигурно во иднина ќе послужи за дел од најавните шпици за мундијалските квалификации.

Од една крајно тешка ситуација, Меси и Лаутаро успеаја да креираат фудбалска магија, бидејќи првиот асистираше, а вториот изведе волеј за паметење во Буенос Аирес.

Капитенот на Интер акробатски ја зафати топката со послабата лева нога, по што следеше ерупција од домашните фанови на трибините.



Спонзорирани линкови

Маркетинг