[ФОТО/ВИДЕО] Џоунс за победата против Миочиќ му се заблагодари на Исус и Трамп, давајќи му го шампионскиот појас на новиот американски претседател

Точка

18/11/2024

17:36

2.952

Големина на фонт

а а а

Џон Џоунс го нокаутираше Стипе Миочиќ и го одбрани шампионскиот појас на „UFC“ во тешка категорија, но и докажа дека е најдобар ММА борец во историјата, а големиот триумф го прослави со новиот американски претседател Доналд Трамп.

Џонс славеше во главната борба на настанот „UFC 309“ во Медисон Сквер Гарден во Њујорк, а по одбраната на титулата Џонс одржа краток, но впечатлив говор.



„Миочиќ е неверојатен борец, силен и цврст. Беше исто како да се борев со Терминатор. Сакам да му се заблагодарам на Исус Христос. Да не беше тој, јас немаше да бидам тука. Знам дека милиони луѓе ширум светот го гледаат ова и сакам на сите да ви кажам дека Исус ве сака. Голема благодарност до претседателот Доналд Трамп поради тоа што вечерва е тука“, изјави Џонс и потоа почна да го имитира танцот на Трамп, додека подоцна излезе од борбениот кафез за да му пријде на новиот американски претседател.

Имено Џонс го прескокна борбениот кафез и стигна до Трамп, по што му го предаде шампионскиот појас.

Двајцата потоа разговараа, а Џонс се ракуваше со Илон Маск и Кид Рок, кои од првиот ред заедно со Трамп ги гледаа борбите на „UFC 309“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг