[ВИДЕО] Израел го нападна Јемен

Точка

29/09/2024

19:04

1.801

Големина на фонт

а а а

„Guardian“ известува за воздушен напад врз пристанишниот град Ал – Ходаида на Црвеното море во Јемен, а „Ројтерс“ јавува дека се погодени контејнери со гориво.

Ал – Ходаида градот којшто го контролираат Хутите од 2021 година, претставува клучен град за достава на храна и други неопходни средства за жителите на Јемен, којшто зависи од увозот на стока. Хутите, поддржани од Иран, лансираа проектили и беспилотни авиони кон Израел, и преку низа напади ја прекинаа глобалната трговија преку Црвеното море, како одговор на израелскиот напад врз Газа. Инаку, Хутите се дел од регионалниот сојуз заедно со Иран, Хамас и Хезболах.

Иако, Израел веќе има спроведувано напади врз Јемен, како одговор на нападите со беспилотни авиони и проектили, последниот напад изгледа како најсилен израелски напад врз Јемен, извршен со голем број на авиони.

Израелската војска: „Ова е одговор на неодамнешните напади на Хутите“

Израелската војска потврди дека ги нападнала воените цели на Хутите во подрачјата „Рас Иса“ и „Ходеида“ во Јемен.

„Израелските воздушни сили ја нападнаа терористичката мета – Хутите во Јемен – 1800 км оддалечена од државата Израел. Денес во текот на големата воздушната операција, втемелена врз разузнавачките податоци ги нападнавме воените цели коишто му припаѓаат на терористичкиот режим на Хутите, во подрачјата „Рас Иса“ и „Ходеида“, соопшти израелската војска.

„Помеѓу целите беа електраната и морското пристаниште кое се користи за увоз на нафта, а коешто терористичкиот режим на Хутите го користи за пренесување на иранското оружје во регионот, заедно со воени резерви и нафта. Ударите беа изведени како одговор на неодамнешните напади на Хутите врз државата Израел“, додаваат од израелската војска.


„Во текот на изминатата година, Хутите делуваа под водство на Иран, а во соработка со милитантните групи од Ирак, со цел да ја нападнат државата Израел, како и да ја поткопаат регионалната стабилност и да го попречат слободното, глобално движење на морињата. Израелската војска е одлучна да продолжи со своето делување на која било оддалеченост – блиску или далеку, и против сите закани за граѓаните на Израел“, додава израелската војска.



Спонзорирани линкови

Маркетинг