Кели Озборн открива „Сите моие дилери беа лекари“

Точка

29/09/2024

16:39

875

Големина на фонт

а а а

Серијата „TMZ Investigates: Matthew Perry & The Secret Celebrity Drug Ring“ излезе оваа недела, а во неа се зборува за дрогата во Холивудот и смртниот случај на актерот Метју Пери.

Како што е веќе познато, актерот минатата година во октомври, се смртно се предозираше со кетамин, којшто го употребувал за лекување од депресија.


Според пишувањата на „Sun“, Пери месечно трошел околу 49.000 евра на илегална супстанција којашто ја зел преку инјекции и тоа од шест до седум пати дневно. По смртта на Пери се покрена истрага со цел да се открие како актерот успевал да стаса со толку големи количества на кетамин.

Минатиот месец беа уапсени пет лица, за коишто се сомнева дека имале врска со продажбата на супстанции, кои Пери ги користел, а помеѓу нив беше и Џасвин Санга, позната како „кралицата на кетаминот“. Санга наводно ги снабдувала познатите лица од Холивуд, а самата истрага поттикна неколку славни лица да прозборат за своите случаи.


Кели Озборн вели дека кога била тинејџерка самата можела да ги добие рецептите за лекови, а во еден момент дури од шест разчлини лекари добивала рецепти за лекови.

„Немав илегални улични дилери на дрога, сите мои дилери беа лекари. Секој пат. Имав такви лекари во Њујорк, Лос Анџелес и Лондон, така што кога немав лекови можев само да им се јавам. Мислам, не е возможно тие да не забележале дека јас станав зависник, со оглед на количеството лекови коишто ми го препишуваа“, вели Озборн.

Таа тврди дека одредени Центри за лекување, ги испраќале луѓето на состаноци со анонимни алкохоличари и анонимни наркомани во обид зависниците да ги поттикнат да се лекуваат, а со цел повторно да ги насочат назад кон Центарот на скапо лекување.


Откриено е дека медицинските експерти разменувале „супстанции за слава“, бесплатни работи и дружба со познатите.

„Секој зависник од дрога знае како и со кој може да се „состане“, но познатите лица тоа го знаат подобро од кој било друг“, вели специјалистот за зависности докторот Ду Пински.

Поранешната сопруга на Мајкл Џексон, Деби Ров, потврди дека лекарите делеле дрога за да бидат дел од кругот на познатите.

„Многу добро сум запознаена со лековите коишто др. Арни Клејн ги даваше на некои пациенти. Тој пациент имаше забава на којашто присуствував, а штом влезете таму има сад со „благи“ коишто содржат опијати“, вели Ров.


„Лекарите, за жал, честопати сакаат да станат познати личности. Тие честопати прават работи коишто се потполно несоодветни, само за да имаат познати пациенти, и за да бидат пријатели со познатите личности, но и за самите да станат познати. Тогаш работите можат да тргнат наопаку, како што најверојатно се случило во оваа ситуација“, смета пластичниот хирург др. Тери Дуброу.

Инаку, кетаминот во САД, всушност не е предвиден како лек за депресија и болести на зависност, меѓутоа никој не се придржува до тоа.



Спонзорирани линкови

Маркетинг