Над 80 тони бомби употребени во израелскиот напад врз Насрала

Нетпрес

29/09/2024

15:11

749

Големина на фонт

а а а

Во израелскиот воздушен напад во кој беше убиен водачот на либаското шиитско движење Хезболах, Хасан Насрала во Бејрут, беа употребени бомби тешки повеќе од 80 тони, објавија во неделата израелските медиуми.


Бомбите, вклучително и бомбите „бункер-бастер“ кои можат да навлезат во утврдени структури, биле исфрлени од формација од најмалку десет борбени авиони врз подземниот штаб на Хезболах во јужен Бејрут во петокот, се вели во соопштението.

Нема официјална потврда за извештајот.


По нападот расте загриженоста за одмазда или сеопфатна војна на Блискиот исток. Насрала беше убиен во петокот во израелски воздушен напад врз комплекс наводно лоциран под станбени згради во предградието на либанската престолнина Бејрут.


Либанското шиитско движење Хезболах, поддржувано од Иран, е една од најмоќните борбени формации во регионот на Блискиот исток и една од водечките политички групации во самиот Либан со значителен број пратеници во тамошниот парламент.



Спонзорирани линкови

Маркетинг