Тоа не беше чад, туку пареа, предизвикана е непотребна паника, реагираат од компанијата „Ројал травел“

Точка

29/09/2024

14:23

749

Големина на фонт

а а а

Откако беше објавена веста дека патници кршеле прозорци за да избегаат од автобус во кој се појавил чад, од компанијата сопственик на автобусот, „Ројал травел“, потенцираат дека во нивниот автобус немало чад, туку се работело за пареа.

Од компанијата за ТВ21 информираа дека надвор имало пареа од греењето, додека пак непотребна паника предизвикале патниците кои патувале сами.


„Надвор имаше пареа, немаше чад, само ги искршија стаклата и излегоа. Патниците ги фати паника, не сакале да завршат трагично, но всушност ништо не се случи. Во разговор сме и со членовите на семејството, немаме проблем со никого, сите велат дека нема проблем, само патниците предизвикаа непотребна паника“, нагласија од Ројал травел за ТВ21.


Исто така ТВ21 стапила во контакт и со МВР, од каде велат дека нема пријави за овој случај.

Претходно, како што извести ТВ 21, во автобус на компанијата „Ројал травел“, синоќа, на враќање од Грција, се појавил чад, по што патниците во паника ги искршиле прозорците за да излезат од него. Настанот се случил во Велес.

(Фото: ТВ21).



Спонзорирани линкови

Маркетинг