[ФОТО] Лекарот ѝ го уништил лицето на поранешната секс – бомба: Спиела покрај телото на мртвиот сопруг, а имала афера и со претседател

Точка

29/09/2024

14:01

1.463

Големина на фонт

а а а

Лин Меј (71), мексиканската ведета, егзотичната танчарка и актерка со кинеско потекло, позната по прекарот „божицата на љубовта, во текот на младоста воодушевуваше со својата убавина, но една навидум безбедна операција промени сè.

Операцијата остави грди последици на нејзиното лице, коешто Лин никогаш не успеа да ги санира.


Имено, на почетокот од 90-тите години, Лин завршила во рацете на лажен лекар, кој наместо инјекција со колаген, којашто требала да ѝ ја затегне кожата и да ѝ ги намали брчките, ѝ вбризгал кобна мешавина од масло за готвење, масло за деца и вода.

По интервенцијата, на лицето на Меј се појавиле испакнатини, коишто ниту еден козметички третман не успеал да ги отстрани.

Според пишувањата на светските медиуми, оваа поранешна секс – бомба од детството, финансиски му помагала на своето семејство, а како дете продавала сувенири на туристите, додека подоцна работела како келнерка. И токму во кафеаната каде работела ја запознала својата прва љубов, 30 години постариот американски морнар, со којшто се преселила во Мексико Сити.

Тие двајца имале две ќерки, а Лин по пет години го напуштила, тврдејќи дека тој физички и психички ја малтретирал, и заминала во Акапулко каде почнала да работи како танчарка.


Лин за кратко време го привлекла вниманието на бизнисменот Енрике Ломбардини, којшто управувал со познатиот театар „Есперанза Ирис“. Тој ја повикал Лин да настапува на неговите бурлески претстави. Иако на почетокот не ѝ било пријатно, на крајот сепак почнала да се соблекува на бината, а по кратко време таа се појави на мексиканската телевизија, во култната, мексиканска емисија „Siempre en Domingo“.


Лин снимаше и филмови, а најпознатите улоги ги оствари во мексиканските, секс комедии, познати под називот „Ficheras“.

Во 80-тите години нејзиното срце го освои бизнисменот Антонио Чи Хуо, за којшто се омажи во 1989 година, меѓутоа љубовната идила беше прекината во 2004 година, кога на Хуо му беше дијагностициран канцер на простатата.


Хуо починал во 2008 година, а Лин Меј го ексхумирала телото на сопругот и го вратила во домот, а во текот на едно интервју таа ја шокираше јавноста со тврдењето дека одреден период спиела покрај остатоците на сопругот.


Меѓутоа истата година Лин се омажи за продуцентот Гиљермо Калдерон Стела, со којшто остана во брак до неговата смрт во 2018 година.

Исто така своевремено Лин тврдеше дека имала афера со бившиот претседател на Мексико, а иако не го откри неговиот идентитет се шпекулираше дека тоа бил Хосе Лопез Портило.



Спонзорирани линкови

Маркетинг