Сестрата на Ким Џонг Ун вели: „Америка се игра со оган. Дали е подготвена да се носи со последиците?“

Точка

29/09/2024

14:06

1.759

Големина на фонт

а а а

Северна Кореја којашто е обвинета за илегална испорака на оружје на Русија, порача дека американската воена помош на Украина, во вредност од 8 милијарди долари, претставува „неверојатна грешка“ и играње со оган против нуклеарната суперсила Русија.

Американскиот претседател Џо Бајден, најави нова воена помош за Украина, во текот на посетата на Вашингтон од страна на украинскиот претседател Володимир Зеленски, со цел да му помогне на Киев да се одбрани, а којашто вклучува оружје со поголем домет коешто ќе ја унапреди украинската способност да ја нападне Русија од безбедна оддалеченост.


Ким Џо Јонг, моќната сестра на севернокорејскиот водач Ким Џонг Ун, изјави дека, Вашингтон го засилува конфликтот во Украина, ја доведувајќи ја Европа на раб од нуклеарна војна. „САД и Западот не би требале да го отфрлат и да го потценат сериозното предупредување на Русија“, изјави Јонг, а пренесува државната новинска агенција „KCNA“.

Москва ги унапреди односите со Пјонгјанг

„Дали се тие навистина во состојба да се носат со последиците додека безбедно се играат со оган против Русија, којашто е нуклеарна суперсила?, запраша Јонг.

Инаку, рускиот претседател предупреди дека постои можност да употреби нуклеарно оружје, доколку Русија биде погодена со проектил, и дека секој напад врз неа, поддржан од нуклеарна сила, го смета за заеднички напад.


Помагањето на Зеленски да ја продолжи својата воена авантура, опасно е и неодговорно „коцкање“, а најавата на нови осум милијарди долари воена помош, претставува „неверојатна грешка и глупав чин“, додаде Јонг. Таа има значајна позиција во владејачката Работничка партија на Северна Кореја, и честопати дава изјави во врска со позицијата на Пјонгјанг околу политичките и безбедносните прашања, а за коишто се верува дека ги одобрил врвниот водач на земјата, Ким Џонг Ун.


Северна Кореја и Русија, драстично ги унапредија своите врски во изминатата година, а нивните лидери има две средби, на коишто се договорија за „сеопфатно стратешко партнерство“ којшто подразбира договор за заемна одбрана.


Северна Кореја од септември минатата година,има испратено најмалку 16.500 контејнери – оружје на Русија, а коишто Русија ги употреби за напади врз Украина, велат од САД. Меѓутоа, и Северна Кореја и Русија ги негираат обвинувањата за каква било илегална трговија со оружје.



Спонзорирани линкови

Маркетинг