[ВИДЕО] Нож и мачета в рацете: Сириец спроведувал терор во Германија, влетал со комбе во продавници, подметнал два пожари: Повредени околу 30 луѓе, две деца во критична состојба

Точка

29/09/2024

10:36

2.343

Големина на фонт

а а а

Во два одвоени пожари во германскиот град Есен, на западот од Германија, вчера беа повредени околу 30 лица, вклучувајќи две мали деца коишто се во критична состојба, поради чадот којшто го вдишале, соопштија локалните власти.

Полицијата соопшти дека е уапсен 41 годишен Сириец од Есен, којшто се поврзува со пожарите.

„Мажот е поврзан со инцидентот во којшто учествуваше комбе кое удри во две продавници“, изјави портпаролот на полицијата и додаде дека во текот на тој инцидент немало повредни лица. Сириецот бил уапсен во близина на двете продавници.

Полицијата соопшти дека не е во состојба да ги открие деталите и мотивите на осомничениот.

„Пожарите избувнаа во две куќи последователно, што предизвика обемна реакција на итните служби“, велат од полицијата.

На повредените им беше пружена лекарска помош, а неколку лица беа пренесни во болница.


„Помеѓу осумте тешко повредени деца, две се во критична состојба поради вдишувањето на чадот“, изјавија пожарникарите.

Портпаролот на полицијата одби да ги коментира извештаите дека Сириецот се заканувал со нож и мачета, а властите ги прегледуваат снимките коишто се шират на социјалните мрежи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг