[ВИДЕО] Експлозии во низа руски области, мета бил и воен камп: Избувнаа пожари

Точка

29/09/2024

15:46

1.427

Големина на фонт

а а а

Руските Телеграм канали известија за експлозии во Краснодарската област, Ростовската, Вороњешка и Волгоградска област. Телеграм каналот „Астра“ соопшти дека се случиле две експлозии во близина на воениот камп во Јејск, а нападот најверојатно бил извршен со дронови.

„Жителите на Јејск и Краснодарската област зборуваат за екплозии коишто можеле да се слушнат во близина на воениот камп, каде што се наоѓа и аеродромот на Руската морнарица – 859. Тука се наоѓа Центарот за борбена употреба и обука на пилотите на морнаричката авијација“, тврди „Астра“, а пренесува „Украинска Правда“.

Се огласија гувернерите

Експлозиите беа забележани во Цимиланск во Ростовската област. Русите претходно известија дека десетици беспилотни авиони на укрианските вооружени сили се движат кон енергетските и стратешки важните воени објекти во Волгоградксата, Тамбовската, Орколска, Липецка, Тулска и Саратовска област.

Гувернерот на Краснодарската област тврди дека во селото Шабелској, соборениот дрон удрил во стебло и експлодирал, кршејќи ги прозорците и вратата на околните куќи и оштетувајќи ги автомобилите. Гувернерот на Ростовската област изјави дека силите на противвоздушната одбрана уништиле четири беспилотни авиони во округот Азов.

Гувернерот на Вороњешката област извести дека неколку соборени дронови, коишто паднале во Вороњеш предизивикале пожари. Жителите известија дека слушнале најмалку 10 експлозии. Подоцна на Телеграм каналите се појавија известувања за други експлозии во Вороњеж, како и за експлозии и пожари во Волгоградската област.

Претходно, руските власти известија дека во текот на изминатата ноќ биле соборени 125 дронови, од коишто 67 биле соборени над Волгоградската област. 



Спонзорирани линкови

Маркетинг