[ВИДЕО] Еколошки активисти ја полеаја со супа сликата на Ван Гог

Точка

27/09/2024

19:58

547

Големина на фонт

а а а

Еколошките активисти „Just Stop Oil“, ги полеа со супа двете слики на Винсент Ван Гог, само неколку часа откако двајца активисти беа осудени на затворски казни поради нападот врз едно од уметничките дела.

Тројца протестанти ги полеа со супа сликите на изложбата „Поети и љубовници“ во Националната галерија во центарот на Лондон, по што беа уапсени.


Претходно, Феб Пламер (23) доби казна од две години затвор, додека Ана Холанд (22) доби казна од 20 месеци, поради тоа што во октомври 2022 година, фрли супа на сликата „Сончогледи 1888“ на Ван Гог. Тие две ја оштетија рамката на сликата, а штетата беше проценета на 10.000 фунти.

„Бидете на вистинската страна на историјата“

Додека последните активисти, две жени и еден маж, ги полеваа двете слики со супа, можеше да се слушнат посетителите коишто им велеа „не“ и „немој тоа да го правиш“.

„Бидете на вистинската страна на историјата“, извика една од активистките додека стоеше пред сликата, носејќи маичка со натпис „Just Stop Oil“.


„Полицијата беше повикана во 14:40 часот, на 27 септември, во Националната галерија, откако група протестанти „Just Stop Oil“ го полеа со супа уметничкото дело“, изјави портпаролот на метрополитанската полиција.

„Три лица се уапсени поради сомнение дека извршиле кривично дело – штета и сега се во притвор. Истрагата продолжува“, додаде тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг