Мицкоски: Со одлуката за раздвојување од Албанија задоволни беа само бугарските политичари и македонската опозиција

Макфакс

27/09/2024

15:12

205

Големина на фонт

а а а

Жалам што поради одлуката за раздвојување на Северна Македонија и Албанија на патот кон ЕУ, задоволни беа само две страни, а тоа се политичарите во Бугарија и опозицијата кај нас дома. Само тие се радуваа на оваа одлука, која не само што не е фер, туку е многу погрешна порака кон македонските граѓани, изјави премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарско прашање на заедничката прес-конференција со унгарскиот премиер, Виктор Орбан.

Тој рече дека не смееме да губиме надеж и да се разочаруваме, иако многупати се разочаруваме во овие децении.

„Жалам што мораме да бидеме жртва на билатеризација, а не на исполнување на копенхагешките критериуми, но ќе прдолжиме да работиме напорно и да ги решаваме проблемите дома кои се напластени и се наше наследство од претходната Влада“, изјави Мицкоски.

На Албанија и посака што поскоро да го заврши процесот на преговори, со надеж дека и ние еден ден ќе можеме да седнеме на таа маса.

„Мора да се занимаваме со реалноста, и можеби еден ден и ние ќе бидеме оценувани по исполнување на Копенхагешките критериуми, а не по билатералните проблеми кои најчесто се однесуваат за средниот век, а не да зборуваме за иднината која што е суштината на постоењето на ЕУ“, рече Мицкоски.

Орбан ја повтори својата поддршка за членството на Северна Македонија во ЕУ, коментирајќи го како историска грешка тоа што се’ уште не сме ги почнале преговорите, а таа грешка, како што рече, сега е двојно поголема со одделувањето на Албанија која забрзано оди на патот кон ЕУ. Орбан му претставил на Мицкоски предлог за изнаоѓање на решение со Бугарија, и се понуди како земја-претседавач со ЕУ, Унгарија да посредува во разговорите. Орбан повтори и дека националната гордост е најважна за една нација.



Спонзорирани линкови

Маркетинг