СДСМ: Одвојувањето на Албанија и прекинот на преговорите со ЕУ е поради Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ

Макфакс

27/09/2024

15:12

165

Големина на фонт

а а а

„Тешкиот дипломатски пораз не е вина на некој друг туку на Мицкоски, Митева и сите кои што години наназад го блиираат европскиот пат на државата. Денеска наместо да биде голем ден на славје, на надеж, на нови можности за македонските граѓани, ние зборуваме за дестабилизации, изолации, етнички прашања. За оваа состојба не е виновен никој друг освен ВМРО-ДПМНЕ кои години наназад работат интензивно на попречување на европската интеграција на државата“, велат од СДСМ.

„Почнувајќи од опозиција, преку подгревање на национализмот и лажење на граѓаните, сега и како Влада, директно одлучуваат еднострано да ги прекинат преговорите со ЕУ. Денеска можеше да биде ден кога сите политички партии, сите граѓани, ќе се обединеа околу надежта за подобро утре. Тоа им го одземаа и на граѓаните и на земјата. Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се директно одоговорни за тоа што Македонија веќе нема европска перспектива. Немаат ниту план ниту стратегија што понатаму, но имаат план само како да ги задолжуваат граѓаните, да тераат бизнис зделки со своите стратешки партнери и да ја држат земјата во балканската кал“, дополнуваат од партијата.

СДСМ, како што посочуваат, преку визионерски и храбри одлуки ги реши сите отворени прашања кои ги имавме, ја внесе Македонија во НАТО и ја донесе пред прагот на ЕУ.

„Последниот чекор којшто требаше да се охрабри да го направи ВМРО-ДПМНЕ не е направен само заради одлуките и бизнис интересите на Мицкоски и неговите соработници“, завршуваат од СДСМ.



Спонзорирани линкови

Маркетинг