Јапонија подготвува авион на своите вооружени сили за евентуална евакуација на граѓаните од Либан

Макфакс

27/09/2024

12:18

203

Големина на фонт

а а а

Јапонската влада има намера да испрати авион на вооружените сили (SDF) во Јордан за да биде се подготвено за евентуална евакуација на јапонските граѓани во Либан поради страв од ескалација на конфликтот меѓу Израел и милитантната група Хезболах, беше речено денеска на прес-конференција на јапонското Министерство за одбрана.

Министерот за одбрана Минору Кихара рече дека авионите на СДФ, вклучително и транспортниот авион Ц2, веќе се во подготвеност во Јапонија во случај нејзините граѓани да бидат евакуирани од Израел и дека владата „соодветно ќе се справи со ситуацијата“ во зависност од тоа како ќе се одвиваат работите, пренесува Кјодо.

Тој додаде дека владата ја разгледува можноста за испраќање на авиони Ц2 на вооружените сили во Јордан.



Спонзорирани линкови

Маркетинг