[ФОТО] Ова "Ferrari" чини како "Dacia Sandero", но не можете да го возите

Точка

27/09/2024

12:27

587

Големина на фонт

а а а

"Ferrari 12Cilindri" е еден од најновите модели и, и покрај цената од околу половина милион евра, беше распродаден месеци однапред. Овој примерок е сè уште достапен.

Прекрасниот "12Cilindri" доаѓа во црвена боја, а се карактеризира со целосно рачна изработка. Ќе биде произведен во само 199 примероци. А кога ќе кажеме дека е понуден од "Amalgam Collection", многумина ќе разберат во што е „финтата“.


Имено, се работи за модел на автомобил, а е во размер 1:8. Од "Amalgam" велат дека на развојот на овој модел потрошиле над 3.000 работни часови, а во развојот им помогнал и самиот "Ferrari". Сега, тие трошат околу 300 работни часови за да го состават секој примерок.


Прекрасниот примерок е изработен во "Rossa Imola" нијанса на каросеријата, додека внатрешноста е изработена во "Sterling" сина боја. Компанијата во моментов ни нуди поглед на секој дел од автомобилот, освен на моторот. Откако ќе ја погледнете галеријата, цената од 13.495 фунти или нешто повеќе од 16.100 евра е некако полесно да се прифати. Постои и можност за отплата на четири рати.


За оние со поскромни апетити или кои сметаат дека моделот долг речиси 60 см е прескап, се нуди и модел на автомобил во размер 1:18. Овде цената е многу поприфатлива и е „само“ 985 фунти или нешто помалку од 1200 евра.




Спонзорирани линкови

Маркетинг