Општина Аеродром: Истекува рокот за поднесување барања за еднократна помош за првачиња

Макфакс

27/09/2024

10:56

163

Големина на фонт

а а а

В понеделник, 30 септември истекува рокот за поднесување барање за исплата на еднократна парична помош за првачиња во висина од 3500 денари.

Семејствата кои имаат прваче можат да поднесат барање за паричната помош во архивата на Општина Аеродром секој работен ден до 15.30 часот.

Образецот за аплицирање и сите други потребни документи можете да ги најдете на следниот линк.

Општина Аеродром останува посветена на заложбата за инвестиции во најмладите, како и кратењето на дополнителните трошоци што претставуваат товар на секој семеен буџет.



Спонзорирани линкови

Маркетинг