Застрашувачки снимки: Ураганот Хелен во четврта категорија, три смртни случаи досега

Макфакс

27/09/2024

08:21

1.750

Големина на фонт

а а а

Хелен дојде на копно како најмоќниот ураган во историјата што ја погодил областа Биг Бенд во Флорида, пишува Си-ен-ен.

Досега се пријавени три смртни случаи.

Во Флорида едно лице загина откако знак падна на автомобил што се движеше на автопат во Тампа.

Во Џорџија две лица загинаа откако беа однесени од торнадо поврзано со системот на бура на ураганот Хелен во Аламо, потврди градоначалникот за Си-ен-ен.

На Флорида е ноќ, последиците ќе се знаат наутро

Гувернерот Де Сантис вели дека најверојатно има повеќе смртни случаи во државата додека невремето поминува.

„Кога луѓето од Флорида ќе станат утре наутро, ќе се разбудиме во држава во која многу веројатно ќе има мртви“, изјави тој. „И сигурно ќе има загуби на имот“.

Тој истакна дека службите за итни случаи сè уште не го знаат целосниот обем на штетата поради ноќното време на Флорида.

„Сè уште ја немаме целата слика“, рече тој.



Спонзорирани линкови

Маркетинг