[ФОТО] Синот на Меџик Џонсон се појави во проѕирен фустан на модната недела: „Не се чувствувам како да сум во погрешно тело“

Точка

26/09/2024

21:31

1.026

Големина на фонт

а а а

Ервин Џонсон, познат како Еј Џеј, синот на американскиот кошаркар Меџик Џонсон, секогаш привлекува внимание со своите модни комбинации, а се потруди да го направи истото и на модната недела во Париз.

Тој во Париз пристигна на ревијата на „Saint Laurent“ облечен во црн фустан којшто ја откриваше неговата долна облека. Покрај фустанот тој носеше и кожна јакна во комбинација со пристојна шминка.


Инаку, Еј Џеј на социјалните мрежи честопати објавува фотографии на коишто е облечен во тесни фустани, мини сукњи и слични комбинации. Во една прилика тој изјави дека се чувствува удобно во своето тело, и дека и покрај тоа што се облекува како жена, не размислува за промена на полот.


„Се сакам себеси таков каков што сум. Среќен сум и задоволен од себе. Секогаш велев, доколку некој не се чувствува добро во своето тело, тогаш нека направи нешто во врска со тоа прашање“, изјави Џонсон за „E! News“.


„Не се чувствувам како да сум во погрешно тело. Чувствувам дека ова е телото коешто ми е судено да го имам. Не чувствувам потреба од промена. 100% сум сигурен сум во она што го сакам. Удобно ми е во сопствената кожа и го сакам своето тело“, вели ЕЈ Џеј, којшто пред 11 години објави дека е геј.


Неговиот татко Меџик, призна дека на почетокот му било тешко да го прифати фактот дека неговиот син е геј.

Еј Џеј, пак вели дека неговите родители и порано биле свесни за неговата сексуална ориентација, но дека биле загрижени поради реакцијата на јавноста, а таткото и синот денес имаат добар однос.


„Храбар е и доволно силен да му покаже на светот кој е тој“, вели Меџик за својот син.



Спонзорирани линкови

Маркетинг