[ФОТО] Британец бил нападнат од нилски коњ на сафари во Замбија: „Бутот ми беше потполно изџвакан“

Точка

26/09/2024

20:34

930

Големина на фонт

а а а

Британецот беше „лошо изџвакан“ откако го нападнал нилски коњ додека се возел со кану во Замбија, пишува „Sky News“.

Роланд Чери (63) во јуни, бил на петдневен сафари одмор со сопругата, кога нилски коњ го нападнал нивниот брод и го зграпчил Роланд којшто во тој момент останал заглавен во вилицата на животното, при што се здобил со тешки повреди на ногата, рамото и стомакот.

Додека неговата сопруга се обидувала пливајќи да избега од нилскиот коњ, на Роланд го исчашил рамото во моментот кога нилскиот коњ удрил во нивното кану, поради што не можел да отплива на безбедно.

„Бев како патка во водата“

„Бев таму како патка во водата. Нилскиот коњ дојде, ме зграпчи одоздола, и пред да ме пушти, ме однесе на дното од реката. Тогаш навистина ми текна. Помислив, добро, можеби ќе умрам овде“, раскажа Роланд за „Sky News“.


Роланд додаде дека му биле потребни неколку минути за да сфати што се случува: „Си мислиш, о мој Господе, што е ова со мене во водата? Подобро да си одам одовде. Не бев свесен што се случуваше“.

„Погледнав надолу кон мојот бут, кој беше многу изџвакан, и можев да го видам месото како ѕирка од моите пантолони, а можев да видам и крв на левата страна. Рана на стомакот … Не бев свесен во тој момент бидејќи сè беше прекриени со елекот за спасување. Дури подоцна разбрав колку тешко бев повреден“, раскажа Британецот.


Хирургот вели: „Никогаш порано немав сретнато човек којшто преживеал напад од нилски коњ“

Еден од хирурзите којшто го лекувал во Јужна Африка, му кажал на Роланд, дека „никогаш порано немал сретнато некој којшто преживеал напад од нилски коњ“.


„Нападите од нилските коњи се многу почести отколку што вообичаено се мисли. Главно го напаѓаат локалното население на реките во тој дел од Африка и исклучително се опасни“, вели Роланд.

Тој сега собира финансиски средства за болницата „Mtendere Mission“ во Замбија, за којашто вели дека без сомнение му го спасила животот.



Спонзорирани линкови

Маркетинг