Рускиот војник којшто го спаси светот, a никогаш не доби признание од сопствената земја

Точка

26/09/2024

21:29

2.922

Големина на фонт

а а а

Станислав Петров беше потполковник на советските сили за противвоздушна одбрана, којшто во 1983 година во клучен момент одби да испрати воени протокол и на тој начин ја спречи нуклеарната војна помеѓу САД и СССР. Петров почина во 2017 година, а остана запаметен како човек којшто го спаси светот.

Ја забележал грешката во текот на тревога

Неколку моменти по полноќ, на 26 септември 1983 година, Станислав Петров бил задолжен да го надгледува радарскиот систем за предупредувања во бункерот во близина на Москва, кога детектирал лансирање на неколку ракети од САД спрема СССР. Според протоколот, тој требаше да лансира нуклеарна ракета кон САД во истиот тој момент. Меѓутоа тој одлучил да не го почитува протоколот и не ги известил надредените за настанот. Петров штом видел дека САД наводно лансирал ракети спрема СССР, забележал и нешто невообичаено.


Имено, системот детектирал дека САД лансирал само пет нуклеарни ракети, што немало смисла, поради искуството и обуката низ којашто поминале Петров и неговите колеги. Со други зборови, во случај на изненаден напад, САД би лансирал повеќе ракети спрема СССР, така што Петров заклучил дека се работи за лажна тревога, и бил во право. Системот погрешно сигнализирал тревога, при што веројатно се работело за редок феномен на одбивање на сончевата светлина од високите облаци.


„Беше потребно само да го земам телефонот в раце, но не можев да се доближам до него. Се чувствував како да се пржам на топла тава“, изјави Петров во своето интервју за „BBC“.

Петров во СССР беше „награден“ со порано пензионирање

Петров татковината никогаш не доби награда од татковината за својата одлука, туку беше преместен на позиција со помала одговорност, а набргу потоа беше пензиониран. Приказната за Петров се појави во јавноста дури во текот на деведесеттите години, а го нарекуваа херој и спасител на целото човештво.


Петров беше скромна личност којшто велеше дека не се смета себеси за херој, туку само за човек којшто ја извршувал својата работа.

Оваа ситуација се случила само неколку недели откако советската војска сруши корејски авион и на тој начин уби 269 луѓе, а периодот на осумдесеттите години ќе остане запаметен како време на растечки тензии помеѓу САД и СССР.


Петров почина во 2017 година во својот дом во близина на Москва, а од ОН доби посебно признание во 2006 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг