Вистинската љубов не бира „тајминг“: Моника Белучи и Тим Бартон разменуваа нежности на филмски фестивал

Точка

26/09/2024

21:09

906

Големина на фонт

а а а

Италијанската актерка Моника Белучи и режисерот Тим ​​Бартон се појавија на филмскиот фестивал во Сан Себастијан, а според фотографиите, 59-годишната убавица и 66-годишниот режисер изгледаа заљубено додека им позираа на насобраните фотографи.

Актерката блесна во темно шик сако, под кое носеше црно боди од тантела, и широки панталони, а долгата коса ја остави пуштена и носеше очила за сонце. Бартон се одлучи исто за темно одело и темна кошула, со црна капа и очила за сонце на главата.


Парот првпат се запозна пред 16 години, но се вели дека почнале да се забавуваат по средбата на филмскиот фестивал „Лумиер“ во Лион во октомври 2022 година. Моника ја потврди нивната врска во јуни следната година.




Инаку, италијанската ѕвезда глуми во неговиот нов филм „Битлџус“ заедно со Џена Ортега, Мајкл Китон и Винона Рајдер.



Спонзорирани линкови

Маркетинг