Србија го укинува зелениот картон – дали и Македонија ќе го стори истото?

Денар

26/09/2024

19:24

1.783

Големина на фонт

а а а

Во последните денови, вниманието на јавноста го привлече информацијата дека Србија ќе започне да патува без зелен картон во Македонија.

Оваа информација поставува клучно прашање: дали и Македонците ќе добијат слични поволности?


Зелениот картон, документ кој потврдува дека возилата се осигурани при патување низ странски земји претставува задолжителен услов за поминување на границата. Сепак, како што укажуваат новинските извештаи, српските власти планираат да го укинат ова барање во следните две години, што отвора врата за дебата во македонската јавност.

Во врска со ова, домашните експерти изразуваат оптимизам:


„Се чини дека укинувањето на зелените картони за српските граѓани може да создаде позитивен преседан. Македонија би можела да ја следи истата патека, особено ако размената на услуги и трговијата со соседите продолжи да расте. Но, за да се реализира ова, потребни се конкретни преговори и усогласување со европските стандарди“, коментираат експертите.

Тие додаваат дека и покрај тоа што Србија е првата земја во регионот што планира таков потег, постои можност и за другите земји, вклучувајќи ја Македонија, да го следат овој пример.


Целиот текст можете да го прочитате ТУКА.



Спонзорирани линкови

Маркетинг