Шифрирани хард – дискови и чувствителни документи – испливаа тајните од потонатата јахта

Точка

26/09/2024

22:16

1.253

Големина на фонт

а а а

Смртта на британскиот технолошки магнат Мајк Линч, неговата ќерка и соработниците во трагичното потонување на луксузната јахта во близина на брегот на Сицилија пред речиси еден месец, привлече огромно внимание на јавноста, не само несекојдневниот начин на којшто се случи оваа несреќа туку и поради низа чудни настани кои ѝ претходеа на несреќата. Сега во целата приказна се вклучуваат непропустливи сефови со шифрирани хард – дискови и тајни документи.

Пред повеќе од еден месец, одненадеж потона суперјахтата на милијардерот Мајк Линч. Јахтата беше закотвена во близина на брегот на Сицилија, каде што се наоѓала по ноќта помината во прославување, одненадеж беше погодена од вител којшто за само 16 минути го потопи бродот.


Линч, неговата 18 годишна ќерка, адвокатот и неколку негови соработници останаа заробени во јахтата, а подоцна беа пронајдени мртви.

Овој трагичен инцидент веднаш предизвика бројни сомнежи поради чудниот момент во којшто се случи несреќата. Имено, Мајк Линч го организирал ова крстарење со луксузната јахта за да ја прослави својата неодамнешна победа и ослободувањето од обвиненијата во долгогодишниот судски процес поврзан со продажбата на неговата компанија „Автономија“ на технолошкиот гигант „Хјулит-Пакард“ за 11 милиони долари. По повеќе од 10 години правна битка, американскиот суд, само два месеци пред трагичната несреќа во близина на Сицилија, го ослободи Линч од сите обвинувања поврзани за случајот.


Меѓутоа тука започнува заплетот на приказната. Имено медиумите известуваат дека јахтата „Бајесиан“ во себе имала вградени непропустливи сефови со шифрирани хард – дискови и тајни документи. Според тврдењата Линч не им верувал на „cloud“ службите па така кога патувал со себе носел хард – дискови, на коишто се наоѓаат потенцијално „особено чувствителни податоци поврзани со неколку западни разузнавачки служби“, пишува „CNN“.

„Дарктрејс“, „MI5“ и прислушкување

Во прилог на ова се наведуваат врските на Линч со високопозиционирани функционери од бројни држави, поради што тој бил поврзан со британски, американски и други разузнавачки служби преку неговите бројни компании. Линч бил особено ангажиран во индустријата на сајбер безбедност, којашто многу често соработува со државни агенции, а во минатото тој бил советник на повеќе британски премиери, вклучувајќи ги Дејвид Камерон и Тереза Меј.


Линч ја основал компанијата „Дарктрејс“, специјализирана за развој на систем за вештачка интелигенција задолжен за заштита од сајбер криминал. Подоцна оваа компанија за пет милиони долари ја продал на Орландо Браво, основач и негов партнер во компанијата „Тома Браво“ во Чикаго.

„Дарктрејс“ компанијата ја основал во Кембриџ заедно со Стивен Хакстер, високо позицираниот функционер во сајбербезбедносниот тим „MI5“ којшто стана и главен менаџер на компанијата. Хакстер го ангажирал Ендру Франс, 30 годишниот ветеран на „GCHQ“ – британската разузнавачка и безбедносна служба. Поранешниот шеф на „MI5“ исто така имал свое место во одборот на компанијата „Дарктрејс“, заедно со Џим Пенроуз, којшто 17 години работел во Американската национално-безбедносна агенција, пренесува „Politico“.

„Трка“ до сефовите

Надлежните органи сега се обидуваат да стасаат до сефовите и да заштитат сè што се наоѓа во нив. Италијанската полиција ја засили безбедноста околу местото каде што потона јахтата и внимателно го набљудува потонатиот брод. Сознанијата за хард – дисковите и потенцијално чувствителните безбедносни податоци предизвикаа нов заплет во веќе комплицираната приказна за трагичниот инцидент кај Сицилија.


Инаку, Стивен Чемберлејн, бизнис партнерот на Линч, којшто исто така се бранеше во деценискиот судски спор, почина на денот на потонувањето на јахтата на Линч. Имено, Чемберлејн го удрил автомобил додека трчал на 17 август, а поради здобиените повреди, починал два дена подоцна.



Спонзорирани линкови

Маркетинг