Америка се подготвува за катастрофален ураган, брановите ќе достигнат висина од шест метри

Точка

26/09/2024

20:24

1.923

Големина на фонт

а а а

Ураганот „Хелен“, продолжува да се зајакнува движејќи се спрема американскиот брег на Мексиканскиот залив. Овој ураган од прв категорија веројатно ќе прерасне во опасен ураган од четврта категорија кога денес во вечерните часови по локално време, ќе пристигне во Флорида.

Службените прогнози и предупредуваа велат дека бурата ќе биде катастрофална и опасна по живот. Гувернерите на американските сојузни држави Флорида, Џорџија, Северна Каролина, Јужна Каролина и Вирџинија прогласија вонредна состојба пред бурата да пристигнете на копното. Мексиканскиот полуостров Јукатан и туристичките одморалишта Канкун и Конзумел, беа поштедени од голема штета бидејќи ураганот во најголем дел ја заобиколи мексиканскиот североисточен брег, пишува „BBC“.

Олујниот дожд предизвика поплави во делови од мексиканската сојузна држава Кинтана Ро. Снимките направени од страна на туристите и локалното население во Канкун, прикажуваат автобуси коишто се обидуваат да поминат низ поплавените улици во подрачјето каде што се наоѓаат многу градски хотели. Гувернерот на овој мексикански регион изјави дека нема жртви во поплавите, а властите исто така известија дека напојувањето со електрична енергија повторно е воспоставено во подрачјата коишто останаа без струја.

Исклучително топло море

Максималните ветрови предизвикани од ураганот Хелен се зголемија на 140 км/h. Американскиот национален центар за урагани („NHC“) објави дека ураган од прва категорија се движи кон северот низ Мексиканскиот залив со брзина од 19 км/h како и дека се очекува тој брзо да стане посилен. Најверојатно ќе предизвика катастрофални ветрови и олујни бранови на брегот од Мексиканскиот залив. Инаку за да се формираат, на ураганите им е потребна температура на површината на морето повисока од 27 Целзиусови степени, а моментално водите во Мексиканскиот залив се со температура од 30-32 степени, односно за два степени се повисоки од нормалата за овој период од годината.

Ова ќе го зајакне развојот на ураганот „Хелен“ и ќе доведе до тоа што метеоролозите го нарекуваат „брзо интензивирање“. „NHC“ очекува дека Хелен ќе достигне максимална сила како голем ураган од четврта категорија непосредно пред неговото пристигнување во окрузите „Big Bend Taylor“, „Jefferson“ и „Wakulla“ и тоа денес во вечерните часови по локално време. „NHC“ го повика населението да забрза со подготовките за да ги заштитат своите животи и имоти пред доаѓањето на ураганот.

Канцеларијата на Националната метеоролошка служба во Талахасеј, објави дека брановите предизвикани од оваа невреме, во „Apalachee Bay“ на Флорида можеби ќе достигнат висина од шест метри. Таквите бранови се сметаат за катастрофални и опасни по живот.

„Немаме повеќе време“

На конференцијата за печатот, градоначалникот на Талахасеј, Флорида, ги повика жителите да се подготват. „Немаме повеќе време. Бидете свесни за она што нѝ се подготвува, бидејќи сме на работ на она што може да стане историски настан“, изјави градоначалникот Џон Дејли.


Во Атланта сите државни училишта ќе бидат затворени денес и утре. Републиканскиот кандидат за потпретседател Џ. Д. Венс, откажа два собири во Џорџија коишто беа планирани за денес. „Низ целиот југоисток на САД, бурата можеби ќе предизвика катастрофални и потенцијално опасни по живот урбани поплави“, велат од „NHC“. Се очекува дека ураганот на југоистокот на САД ќе донесе до 25 цм дожд на метар квадратен.

Предупредувањето за поплави е издадено за подрачјата од Флорида до Тенеси, а се предвидува дека најтешко ќе биде погоден регионот „Big Bend“ на Флорида. Инаку овој регион и во 2023 година беше погоден од ураганот „Идалиа“, а минатиот месец мораше да се справува и со ураганот „Деби“.

Одделот за управување со итни ситуации на Флорида објави листа на окрузи за коишто се издадени наредби за доброволна или задолжителна евакуација во пресрет на ураганот „Хелен“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг