[ФОТО/ВИДЕО] Израел го нападна Бејрут, хаос во Либан: Одекнуваат експлози, се шири густ чад – а ова е метата

Точка

26/09/2024

18:22

1.473

Големина на фонт

а а а

Израелската војска соопшти дека извршува „прецизни воздушни напади“ врз Бејрут.

Израелската армија нападна мети во главниот град на Либан, а според израелските медиуми се чини дека главна цел на нападот во Бејрут е командант на Хезболах.

Во јужните предградија на либанската престолнина се гледа чад и се слушаат звуци од експлозии, велат очевидци.

Обединетите нации претходно денеска соопштија дека над 90.000 луѓе се раселени во Либан, покрај дополнителните 110.000 лица кои ги напуштија своите домови од 7 октомври.

Министерот за надворешни работи на Либан, Абдулах Бу Хабиб, проценува дека бројот на раселени лица во Либан се приближува до „половина милион“.




Спонзорирани линкови

Маркетинг