[ФОТО] Црната проѕирна тантела го истакнала и она најскриеното: Сите рефлекторни светла биле вперени во славната актерка – еве и зошто

Точка

26/09/2024

17:43

1.880

Големина на фонт

а а а

Зои Кравиц се појави на ревијата на брендот „Saint Laurent“ во рамките на Париската модна недела, а со своето издание го привлечевниманието на сите присутни.

Актерката позираше во краток, црн фустан од тантела, под кој се гледаа црни гаќички. Под фустанот не носеше градник, а комбинацијата ја комплетираше со црни потпетици и накит, а косата ја стави во пунџа.







На ревијата се појави и нејзиниот татко, музичарот Лени Кравиц, кој исто така избра црна комбинација. Носеше црна кошула со голема машна, широки панталони и црн капут, а изданието го зачини со неговите заштитен знак црни очила за сонце.


Инаку, актерката го режираше филмот „Blink Twice“, кој излезе во август, во кој глуми со нејзиниот вереник Ченинг Тејтум.


Таа откри дека била инспирирана од нејзината „фрустрација со општеството и динамиката на моќ на културата“ по апсењето на Харви Вајнстин, поранешен холивудски продуцент обвинет за сексуален напад, што во 2017 година го поттикна движењето #MeToo, кое го разоткри сексуалното вознемирување на највисоките нивоа на холивудската филмска индустрија.




Спонзорирани линкови

Маркетинг