Воените лидери: „Овие дронови сами одлучуваат кого ќе убијат“

Точка

26/09/2024

17:19

2.433

Големина на фонт

а а а

На Украина наскоро можеби повеќе нема да и требаат човечки пилоти за дроновите што ги користи за борба против Русија, велат воените лидери на земјата.

Во следната половина година, вели украинскиот воен врв, се очекува забрзан развој на автономни системи базирани на вештачка интелигенција, што ќе ја подигне „играта“ на Украина на повисоко ниво кога станува збор за беспилотните летала.

Украинскиот генерал Роберт Бровди на панелот на „Economist“ изјави дека наскоро дроновите ќе летаат без оператор и додаде дека војниците „само ќе лансираат беспилотни летала, кои потоа самостојно ќе одлучат каде да одат и која цел ќе таргетираат“.

Бровди не прецизираше на кои системи се мисли, и иако е точно дека украинските компании со западните партнери работат на развој на автономни беспилотни летала, ваквите летала сè уште се потпираат до одреден степен на човечка контрола.

Брзиот напредок на технологијата на беспилотни летала, а особено на моделите "FPV", означи и нови начини на водење војни – секоја акција има реакција, така да се каже, поради што беспилотните летала со оптички кабли сега се користат во борбата против обидите за електронско попречување.

Експертите веруваат дека беспилотните летала со вештачка интелигенција ќе учествуваат во следната фаза од војната во Украина, што отвора многу прашања за автономијата на овие авиони и како тие носат независни одлуки.




Спонзорирани линкови

Маркетинг