[lВИДЕО] Лејди Гага сними видеоспот во Лувр

Точка

26/09/2024

16:46

645

Големина на фонт

а а а

Новиот видеоспот на поп ѕвездата Лејди Гага, којшто беше снимен во Лувр на почетокот од септември сега е достапен на интернет платформите, како најава за филмот „Joker“ во којшто се појавува пејачката. Во видеоспотот којшто може да се види на профилите на „Лувр“ и Лејди Гага на Инстаграм и Тикток, таа се шета низ музејот пеејќи ја песната напишана по тој повод, облечена во краток фустан и патики, со кратка црвена перика на главата.

Пејачката којашто со својот настап го обележи отворањето на огодишните Олимписки игри во Париз, а чијшто нов албум „Harlequin“, поврзан со тој филм, излегува во петок. Во видеоспотот, Гага се шета низ музејот во ноќните часови, стасувајќи до Мона Лиза, а кога ќе стаса до неа, Гага со кармин црта насмевка на стаклото коешто ја штити, а потоа се врти кон камерата со солза на лицето.

Филмот ќе започне да се прикажува во октомври


На прашањето во врска со постапката којашто евоцира вандализам извршен во последните неколку месеци во неколку музеи со познати уметнички дела, помеѓу кои и врз Мона Лиза, Лувр потенцираше дека таа сцена е „чиста фикција“, замислена како „оддавање на почит“ на ликот „Joker“ и Леонардо да Винчи.

„Лувр соработуваше со студиото „Warner Bros Pictures“ којшто го продуцираше ова видео, во соработка со пејачката“ изјавија од музејот за „AFP“.


Музејот со ова го одбележа отворањето на сезоната, преку изложбата посветена на „комичарите“, во коишто се вбројува и „Joker“, и почетокот на прикажувањето на филмот „Joker: Двојно лудило со Џоакин Феникс и Лејди Гага“, а филмот ќе започне да се прикажува во светските кина од првата недела на октомври.


Во Лувр и порано беа снимани видеоспотови

На Лувр ова не му е прв пат да соработува со музички ѕвезди. Во 2016 година, „Will.i.am“ снимаше спот со анимирани музејски слики наречени „Mona Lisa Smile“.

Исто така во 2018 година, Бијонсе и Џеј Зи во Лувр го снимаа спотот „Apeshit“, а музејот неодамна објави фотографии од приватната посета на Селин Дион пред нејзиниот настап на Олимписките игри.



Спонзорирани линкови

Маркетинг