[ФОТО] Бизарно издание на пејачот среде скандалот со Диди: Без воопшто срам се појави во црква со шолја за кафе и необични обувки

Точка

26/09/2024

16:15

1.861

Големина на фонт

а а а

Многу обожаватели се загрижени за здравјето на Џастин Бибер деновиве откако младиот пејач се појави во јавноста, само неколку дена по апсењето на Шон ’Диди‘ Комбс и обвинувањата против контроверзниот хип-хоп магнат. Тој е обвинет за рекетирање, трговија со луѓе за сексуални цели и злосторства поврзани со проституција и вирални видеа на 15-годишниот Бибер и раперот.

Некои шпекулираат дека апсењето на Диди влијаело на здравјето на Бибер поради интензивните шпекулации за природата на нивната врска, пишува „Дејли мејл“.




Пејачот и неговата сопруга Хејли Бибер четири недели по раѓањето на синот Џек Блуз повторно почнаа да излегуваат во јавност, но тоа не е главна тема на разговор на социјалните мрежи. Обожавателите на пејачот се многу загрижени за неговото здравје, па своите реакции за неговото појавување ги споделуваат на интернет.

„Изгледа како да минува низ тоа. Не гледам среќа. Ќе се молам за него и за тоа што го поминал“, „Не изгледа здраво и боли“, „Мислам дека изгледа лошо“, „Џастин изгледа многу слаб“, се некои од коментарите на социјалните мрежи.

Видеата што кружат на социјалните мрежи во последните денови се појавија уште во март, набргу откако полицијата ги претресе домовите на Комбс во Мајами и Лос Анџелес и заплени повеќе од 1.000 шишиња бебешко масло и лубриканти.

Бибер, кој се спријатели со Диди на почетокот од својата музичка кариера, се појави на неговиот албум „The Love Album: Off the Grid“ (2023) со песната „Moments“.

Пред неколку месеци, повторно станаа актуелни некои стари снимки на Комбс и Бибер, особено откако полицијата изврши рација во домовите на раперот во Мајами и Лос Анџелес.

На едно од видеата се гледа како Комбс стои покрај 15-годишниот Бибер и вели дека ќе поминат 48 часа во заедничко друштво.

„Тој ќе биде со мене во следните 48 часа и целосно ќе полудиме“, вели раперот, додека Бибер стои покрај него и речиси и да не зборува ништо.

Кога видеото повторно стана актуелно на социјалните мрежи, тоа предизвика низа критики и загриженост.

Во едно друго видео, Комбс му создава непријатно чувство на Бибер со своите коментари.

„Па, добар си? Гледам дека имаш распродадени арени и сето тоа. Почнуваш да се однесуваш поинаку, а? Не ми се јавуваш и не се дружиш со мене како порано“, му вели раперот на младиот пејач, кој загрижено му вели дека ќе му го даде неговиот број.




Спонзорирани линкови

Маркетинг