[ФОТО] Најубавата жена на светот по две години пауза, се врати на модната писта и ги воодушеви присутните

Точка

26/09/2024

14:45

1.699

Големина на фонт

а а а

Бела Хадид се врати на модната писта по две години пауза. Дваесет и седумгодишната манекенка се појави на ревијата на „Saint Laurent“ како дел од модната недела во Париз, на којашто беше претставена женската колекција за пролет/лето 2025 година. Хадид на ревијата се појави во предимензионирано црно одело со бела кошула и вратоврска, а носеше и очила за сонце, додека косата и беше собрана во пунџа.


Пред оваа ревија, Хадид последен пат се појави на ревијата во Доха, во октомври 2022 година, чиишто домаќини беа Наоми Кемпбел и „Qatar Creates“. Враќањето на Хадид многумина го дочекаа со воодушевување, а нејзините фотографии од ревијата во Париз ги преплавија социјалните мрежи предизвикувајќи многу позитивни коментари.

„Бела се врати“, „Изненадена сум, колку добро“, „Mother is mothering“, „Икона“, „Сите сакаат да бидат како Бела Хадид“, беа само дел од коментарите под фотографиите на Хадид.

Минатата година Бела откри дека имала здравствени проблеми

Бела Хадид минатата година на социјалните мрежи откри дека се соочува со здравствени проблеми откако се заразила со „лајмската“ болест.

„Мразам да се гледам себеси во огледало или да се фотографирам, особено во последно време, бидејќи постојано сакам да повратам кога ќе се видам. Со години трае ова. Тешко е да се занимаваш со оваа професија, а притоа да се чувствуваш и изгледаш вака болно“, изјави тогаш Бела.


Бела „лајмската“ болест којашто се пренесува преку каснувања од крлеж, ја добила на 14 годишна возраст, а од истата болест боледувал и нејзиниот брат, Анвар. Манекенката поминала низ тежок пат уште пред болеста да ѝ биде дијагностицирана. Лекарите најпрво се сомневале дека има „ADHD“, но откако нејзините проблеми се зголемиле, мајката на Бела, Јоланда почнала да се сомнева дека се работи за сериозен здравствен проблем, а на почетокот од минатата година состојбата на Бела уште повеќе се влошила.

Бела се чувствувала уште полошо откако ѝ била направена итна операција на вилицата, поради инфекцијата којашто го зафатила нејзиниот заб, којашто морал да биде изваден, а лекарите ѝ препишале антибиотици и лекови против болка. Манекенката ги опиша симптомите со кои тогаш се соочувала, и притоа наброја околу 30 симптоми со кои секојдневно се борела, како што се: анксиозноста, чувствителноста на светлина, болки во зглобовите и трпнење, а во август 2023 година соопшти дека се излекувала од болеста.


Најубавата жена на светот

Научниците пред неколку години ја нарекоа Бела Хадид жена со најубавото лице на светот. Своето тврдење тие го базирале врз теорија за „златен рез“, и притоа ги анализирале најситните детали на лицето, како што се големината и положбата на усните, носот, брадата, обравчињата и вилицата, а преку пресметка дошле до заклучок дека Бела има совршени пропорции.


„Златниот рез“ го измислите Грците во обид да ја „измерат“ убавината. Овој размер може да се примени на што било, а го употребувал и Леонардо Да Винчи за совршеното машко тело во своето дело „Витрувијски човек“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг