[ВИДЕО] Познатата грчка пејачка колабирала среде концерт, се бори за живот: Доживеала мозочно крвавење, снимена вознемирувачката сцена

Точка

26/09/2024

12:39

2.930

Големина на фонт

а а а

Познатата грчка пејачка Маринела (86) се бори за живот откако вчеравечер за време на концертот колабирала на сцената.

Големата дама на грчката народна музика доживеала мозочно крвавење и е во критична состојба, јавуваат локалните медиуми. По падот Маринела наводно накратко се освестила во соблекувалната, по што била пренесена во болница. Вознемирувачката сцена се случила кратко по почетокот на концертот кога го запеала рефренот на еден од своите најголеми хитови „Јас и ти“.

„А ти, Боже мој, толку нè научи да сакаме“, гласи стихот по кој Маринела се затетеравила и паднала на сцената.

Музичарите веднаш притрчале на помош додека публиката немо гледала што се случува. Концертот веднаш бил прекинат. Еден од очевидците изјавил за грчките медиуми дека Маринела не изгледала добро кога се качила на бината и имала изгубен поглед.

Киријаки Пападопулу, позната по уметничкото име Маринела, ја објави својата прва песна во 1957 година, а досега има снимено 66 албуми.

Таа учествуваше на Евровизија во 1974 година.



Спонзорирани линкови

Маркетинг